PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Ќе направиме сè за средношколците, директорката на ДИЦ, Наумовска за Фактор

May 4, 2022

Најгорливиот проблем кој произлезе од неколкунеделниот штрајк на СОНК беше неможноста на матурантите да го запазат рокот за полагање на проектната задача кој е дел од Државната матура, заради што побараа продолжување. Директорката на Државниот испитен центар, при Министерството за образование и наука,  Елизабета Наумовска за Фактор појасни дека крајниот рок бил 21.април, но бидејќи до овој датум, точно 1.589 матуранти, што е околу 10 отсто од вкупниот број, не по своја вина, не успеале да го полагаат практичниот дел, рокот ќе биде продолжен до средината на мај.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

-Токму на ова прашање работи Министерството за образованеие, кое има целосно разбирање за настанатиот проблем. Рокот ќе биде продолжен некаде до 15-16 мај. Роковите за матура се утврдени согласно календарот за средните училишта за учебната 2021/2022 година. Ние како Државен испитен центар навремено укажавме дека постои значителен број на ученици пријавени за полагање на Државна матура од вкупно 16.000 матуранти, кои заради штрајкот на наставниците не стигнале во законскиот рок да ја положат проектната задача. Затоа, во секојдневен контакт сме со Кабинетот на министерот. Мојата последна информација е дека се чека мислење, но тоа е само процедурално, и рокот ќе биде продолжен  најверојатно до 15-16 мај и измените на тој календар  треба да излезе во службен весник за да стапи на сила. Проектната задача е всушност истражување, семинарски труд кој го работи ученикот во текот на годината, под менторство на наставник и комисиски се полага најдоцна до 21.април во училиштата. Но, токму во тој период се штрајкуваше. Во некои училишта, по добра волја на наставниците им било организирано и овозможено полагањето и матурантите ги завршија проектните задачи. Но, во голем дел од училиштата не беше тоа овозможено. Во интерес на учениците, министерот покажа разбирање уште на првите наши сигнали, само се чекаше да заврши штрајкот и да го продолжи овој рок за онолку денови колку што всушност траеше штрајкот, вели директорката Наумовска.

Ова е од исклучителна важност, бидејќи понатаму треба да се запазат роковите за аплицирање на факултет, било тоа да е тука во Македонија, било да е во странство. Ако, ученикот ја нема проектната задача, како што појансува Наумовска, исто како да не полагал Државна матура.

-Државната матура е составена од пет дела, два екстерни предмети и два интерни и проактната задача. Учениците можат четирите предмети да полагаат во јуни, но доколку немаат положено проектна задача, нема да може да добијат диплома. Следниот рок за проектната задача ќе дојде на 18 до 23 август, а тогаш веќе се уписите на факултет. И во тој случај ќе дојдевме во ситуација, многу солидни ученици, не по своја вина да мора да го изгубат првиот упис на факултет. Имаме целосно разбирање за ситуацијата и мислам дека до четврток-петок најдоцна продолжувањето на рокот ќе излезе и во Службен весник. Секако тоа ќе си биде во организација на училишните матурски комисии во самите училишта. Се спроведува како интерен дел од испитот всушност, вели Наумовска.

Другите рокови за полагање на испитите од Државната матура остануваат во истите термини, нема да има измени во календарот, бидејќи какво било пролонгирање, ќе го пролонгира и добивањето на резултатите, а тоа би направило проблеми за упис на факултетите, посебно во странство.

-Мислам дека има доволно време, да се подготват, да работат со своите предметни наставници и успешно да ја положат Државната матура, вели во разговорот за Фактор, директорката на ДИЦ, Наумовска.

Првиот екстерен предмете, мајќин јазик се полага на 4. Јуни во сабота, вториот екстерен предмет, кој е прв изборен предмет, учениците бираат меѓу математика и странски јазик се полага на 13.јуни (понеделник), а веднаш потоа почнува полагањето на интерните испити по избор на ученикот кои ги организираат училишните матурски комисии.

Резултатите од Државната матура, како што посочува Наумовска, и покрај сите предизвици, кои ги имале и минатата година поради епидемијата на корона вирусот, ќе бидат готови некаде на почетокот на јули, односно на 2-3 јули резултатите ќе бидат испратени до училиштата.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ