Едно од сценаријата е полските Миг-29 да бидат премачкани во базата Рамштајн на САД и преку Косово да летнат во Украина

Полска вчера соопшти дека ќе им ги подари своите воени ловци Миг-29 на САД, кои пак, треба да најдат начин како да и ги проследат на Украина, а како посредник се споменува и Косово, објави Дојче Веле.

Полска соопшти дека е подготвена да ги префрли 28-те авиони во американската воена база Рамштајн во Германија, а потоа Вашингтон да реши како ќе ги достави до Украина. Претставници на САД во првичната реакција велат дека се изненадени од соопштението на Варшава.

– Колку што знам, не беше договорено со нас дека планот е нам да ни ги дадат авионите, изјави американскиот државен подсекретар Викторија Нуланд.

Според информациите, Полска побарала од САД за возврат да добие авиони од типот Ф-16. Русија веќе предупреди дека поддршката за Украина со воени авиони ќе биде сметано за учество во конфликтот и подложно на одмазднички чекори.

Целата зделка е комплицирана затоа што ни НАТО, ниту ЕУ не сакаат да бидат директно инволвирани во трансакцијата која значително ќе ги зголеми тензиите со Русија. Ни САД не сакаат директно да и ги достават авионите на Украина.

За да се одржи претставата дека НАТО и ЕУ не се директно вмешани во украинскиот конфликт, се разгледуваат повеќе опции. Според едно сценарио, Полска ќе ги однесе авионите во базата Рамштајн, каде тие треба да бидат премачкани, а потоа пренесени во земја која не е членка ниту на НАТО, ниту на ЕУ. Иако засега не е дефинитивно договорен таков посредник, како можна опција се споменува Косово, како една од неколкуте земји кои би можеле да ја одиграат улогата, тврди агенцијата Асошиејтед прес.

Властите во Приштина досега не ја коментираа оваа можност, но премиерот Албин Курти во интервју за Франс прес повика на забрзан прием на неговата земја во ЕУ и НАТО и оцени дека неговата земја е под зголемен ризик од Русија. Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај минатата недела побара САД да отворат постојана воена база во неговата земја „како гаранција за мирот и безбедноста на Западниот Балкан“.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...