ЕК не сака да арбитрира во вербалната војна меѓу Ердоган и Мицотакис


Европската комисија не се меша во билатералните односи на лидери на земји, изјави портпаролката по изјавата на турскиот претседател дека не сака повеќе да комуницира со грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Брисел.
За потсетување, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека за него „не постои веќе“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и одбива да се сретне со него, поради тоа што Грција се обидела да ја спречи продажбата на американски борбени авиони на Турција, за време на неговата посета на Вашингтон. За време на неговата посета на Вашингтон минатата недела, Мицотакис на заедничката седница на Конгресот предупреди да не се поддржува предложената воена продажба на Бајден за Турција, тврдејќи дека таквиот потег може да создаде дополнителна нестабилност во регионот.
– Се договоривме да не вклучуваме трети земји во нашиот спор со него. И покрај тоа, минатата недела тој ги посети САД и разговараше во Конгресот и ги предупреди да не ни даваат „Ф-16“. Тој за мене веќе не постои. Никогаш нема да се согласам да се сретнам со него. Ќе го продолжиме нашиот пат со чесни политичари – рече Ердоган на прес-конференција по неделната владина седница.
Јавноста во Грција стравува дека заладувањето на односите би можело да ги актуализира повторно тензиите помеѓу Атина и Анкара околу источниот Медитеран и Кипар. Изјавите на турскиот претседател за прекин на дијалогот со премиерот на Грција се целосно неприфатливи и се за осуда, соопштуваат од грчката опозициска партија СИРИЗА. Тие велат дека очекуваат реакција од сојузниците и партнерите, „која не може повторно да се заснова на еднакви растојанија и зборови без резултат, туку на конкретни заложби за суверенитетот и суверените права на Грција“.
На изјавата на турскиот претседател вчера реагираше и портпаролот на грчката влада, Јанис Иконому, кој рече дека нивната политика е политика на принципи и додаде дека нема да влезат во конфронтација на изјави со власта во Турција.
Европската комисија, сепак, изрази надеж дека ќе се надминат тензиите.
– Не можеме и нема да коментираме билатерални средби помеѓу лидери на кои се разговараат разни билатерални или други теми. Генерално промовираме и охрабруваме добра соработка помеѓу лидерите, посебно помеѓу Грција и Турција, и се надеваме дека позитивни бранови ќе се прошират и ќе се одразат врз акциите во регионот – рече портпаролката Дана Спинант на редовниот брифинг за новинари во Брисел.

 

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...