Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во ексклузивното интервју за indeks.mk зборуваше за Пописот и резултатите од овој процес.
Која е вашата проценка за резултатот од пописот во Северна Македонија?
Ова беше еден статистички процес на кој беа ангажирани цели тимови. Направено е Попис на резидентно и нерезидентното население, извршена е регистрација на домаќинствата и националните добра во државата. Сакам да потенцирам, овој момент не треба да служи за политизирање на народот, да не се злоупотребува од политичките субјекти за нивните секојдневни политики бидејќи оваа го тероризира населението. На овој статистички процес беа вклучени и меѓународни експерти од ЕУРОСТАТ кои дадоа добри проценки за организираниот Попис. Во секоја земја, се има случено, не е регистрирано целото население, сите жители сто проценти. Може некаде 5 проценти, 10 проценти, 7 проценти, во сите земји каде што се спроведува еден ваков статистички процес, целото население да не учествува или биде регистрирано. Би сакал ова да не се политизира, да не биде злоупотребено особено од двете најголеми заедници, Македонската заедница и нивните политички претставници како и Албанската заедница и нивните политички претставници.Со процент од 30, 40 или 50 има намалувања, има зголемувања, ова е реалната слика која е направена преку вработените во државната администрација, контролирани, раководени и обучени од меѓународни експерти од областа на статистиката и од страна на нај доверливата институција ЕУРОСТАТ.
Дали со бројката е изманипулирана државата за да се намали бројот на Албанците во оваа држава?
Нема потреба оваа ситуација да се политизира, ниту да се сомневаме дека има злоупотребувања и дека има погрешни бројки. Тоа значи дека сите работеле одговорно на овој план и што е можно подалеку од политизација и судири околу бројки за проценти затоа што тоа не води никаде.
Каков е вашиот став за обвинувањата на албанската опозиција која се спротивставува на бројките и на процесот нарекувајќи го измама?
Ги отфрлам сите овие вести затоа што тие влијаат на политизација на целата оваа ситуација, влијае на политизацијата на заедниците и токму нив не треба да ги политизираме, туку народот треба да веруваа во овие статистички процеси, народот мора да веруваа во овие процеси бидејќи никој не направил злоупотребување, фалсификат, но имале за цел да им дадат реална слика на Обединетите Нации и институциите на ЕУ затоа што нивното барање отсекогаш било да се знае објективната реалност во Република Северна Македонија, токму бројот на резидентни жители и бројот на не резидентното население, како и вкупното богатство на населението во земјата.