Ексклузивно за весникот ВЕЧЕР…..Благоја Грујовски со рачен часовник од 17 илјади американски долари! И на македонската естрада има гламур!!!


Станува збор за светски познатата марка на машки рачни часовници “Ролекс“(Yacht-Master) кои, инаку, ги носат и најголемите холивудски филмски ѕвезди, пејачи, спортисти…. Сега, ете, и овде во малечката Македонија и нашиот Баже. Немојте затоа да ве чуди од каде му е на Благоја оној интересен прекар со римување “Баже – супер маже“. Една од причините е и таа, доколку има вистина во тоа, а секако има, дека жените се лепат на мажи – парајлии!

(текст&фото:Дуле МИЌИЌ)

Неодамна, на едно телевизиско снимање на фолк-шоуто “Везилка“ (на ТВ Алфа) во кое редовно како успешен водител учествува фолк-ѕвездата Благоја Грујовски нашиот папарацо имаше среќа да ја улови ексклузивната ситуација.                                        На раката под костумот и кошулата, на овој кај народот многу омилен пејач, видовме исклучително скап часовник. Секако дека нашиот вроден новинарски “црв“ веднаш проработе, не ни даваше мира, го прашавме пејачот да ни раскаже за ваквиот часовник кој кај другите пејачи не можеме да го видиме.

Меѓутоа, Благоја не од важност, туку поради тоа како што вели “ова е време-невреме во кое не се зборува за парите“ не сакаше да прави муабет на таа тема. Но, не останавме со “скрстени раце“, па информациите за часовникот ги побаравме на интернет. И ги најдовме.                                                                                            Станува збор за светски познатата марка на машки рачни часовници “Ролекс“ кои, инаку, ги носат и најголемите холивудски филмски ѕвезди, спортисти од типот на Новак Ѓоковиќ, ВИП-бизнисмени, пејачи, менаџери… Сега, ете, и овде во малечката Македонија и нашиот Баже. Немојте затоа да ве чуди од каде му е на Благоја оној интересен прекар со римување “Баже – супер маже“.

Една од причините е и таа, доколку има вистина во тоа, а секако има, дека жените се лепат на мажи – парајлии. На крај, би рекле, дека ништо не е за осуда, и секој според своите можности, па така и македонскиот пејач Благоја Грујовски со својот рачен часовник од 17 илјади американски долари. И нека е така.                                        Зарем не ни е премногу веќе од постојано лелекање и естрадно питачење, но и здодевно споредување со некои богати пејач(к)и од српската или хрватската естрада.  Си го имаме ние нашиот Баже и неговиот скапоцен часовник (освен ако не му е подарок?), кој со стрелките покажува дека пак ни доаѓа време кога на македонската естрада ќе се заработуваат фини парички. А, зошто да не?!

(Забрането е превземање на овие фотографии и објавување на други македонски Портали)

ТОП ВЕСТИ

Одличен дизајн, иновативност и камера за најдобри фотографии » opserver.mk

 Новите Galaxy A34 5G и Galaxy A54 5G  целосно ќе ве освојат оваа пролет со својата функционалност, достапност и секако, со уште подобрената...

Италија ја ограничи употребата на податоците на италијанските корисници од апликацијата ChatGPT

Италијанската агенција за заштита на податоци денеска објави дека отворила истрага против апликацијата ChatGPT на OpenAI поради сомневање за прекршување на правилата за...

Зеленски и шефовите на странски држави и влади оддадоа почит на жителите на Буча убиени од руските агресори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, заедно со повеќе шефовите на странски држави и влади им оддаде почит на жителите на Буча убиени од...

Работната група за уставните измени ќе работи и без ВМРО-ДПМНЕ

Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината...

Груби се сретна со в.д. Германскиот амбасадор Ото Граф: Уставни промени годинава!

Скопје, 31 март – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, се сретна со в.д. амбасадорот...