Специјалци на британскиот САС (Специјална воздушна служба) и американските специјални сили тренираат високоризично спасување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврди британскиот таблоид The Sun.
Извори на Sun тврдат дека споменатите единици за специјални намени се на обука заедно со елитни украински војници. Наводно, повеќе од 70 британски специјалци и 150 припадници на американската морнарица SEAL на специјалните сили се во базата во Литванија за да се подготват за смела ноќна мисија.
Украинскиот претседател Зеленски пред неколку дена ја отфрли понудата на САД за евакуација од неговата земја, велејќи дека „нему му треба муниција, а не транспорт“.
Меѓутоа, во меѓувреме безбедносната ситуација околу украинскиот лидер се влоши и наводно тимовите на елитните единици на руските специјални сили трагаат по 44-годишниот претседател.
На барање на Зеленски може да се започне спасувачка мисија. Висок извор од Британија го открива следново: „Најверојатната разумна опција би можела да биде Зеленски да го напушти Киев и потоа да го земат од договорена локација. Имаме авиони, но растојанието е клучно“.
Од британското Министерство за одбрана кусо одговорија на барањето на Сан дека не ги коментираат активностите на специјалните сили.