Енергетски ефикасни голем дел од објектите под надлежност на МВР

Во периодот од 2017 до јули 2022 година, со целосната или делумната реконструкција на 75 објекти на МВР ширум државата, спроведени се мерки за зголемување на енергетската ефикасност во 46 објекти, за чија имплементација од буџетот на МВР инвестирани се 458.330.439 денари.

– Стариот начин на загревање е заменет со нов и поекономичен во 23 од реконструираните објекти, за што беа инвестирани 18.924.237 денари. Од нив, најголемиот дел го променија затоплувањето со дрва во затоплување со електричен котел, електрични ВРФ – системи, со инсталирање на топлински пумпи, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во објектите, објавуваат од МВР, се употребени енергетско ефикасни материјали, односно  термоизолациски фасади и замена на старата дограма со нови ПВЦ или алуминиумски прозорци.

Во 2020 година во Полицискиот центар Ѓорче Петров, кој е база на Единицата за брзо распоредување, преку инсталација на соларни колектори за добивање на топла вода е направено искористување на обновливите извори на енергија со инвестицијата вредна 3.498.700 денари. Од МВР најавуваат дека до крајот на годинава е планирана и финализација на реконструкциите во ОВР Делчево, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, а годинава ќе отпочнат и активностите за реновирање на Полициската академија во Идризово, управните служби во Македонската телевизија, како и изградба на новиот објект на ПС ОН Аеродром. Во тек е и поставување на соларни панели за 15 објекти на МВР.

– Континуирано се следат потребите и можностите за наоѓање на нови решенија кои ќе придонесат до рационално користење на електричната енергија и енергенсите за активно вклучување во намалување на потребите во време на потенцијалната енергетска криза, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...

Шетала гола на улица со денови: Популарна актерка сместена на психијатрија (ФОТО)

Тинејџерската филмска ѕвезда Аманда Бајнс со денови бесцелно талкала низ улиците на Лос Анџелес, а потоа почнала да се шета целосно гола, по...

Битиќи со порака до компаниите: Не стравувам од вештачко враќање на цените, граѓаните нема да ја плаќаат цената

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцира дека не стравува од вештачко враќање на цените на производите што сега се со замрзнати вредности. „Првите позитивни...