Џенифер Лопез ќе му пее на српски милионер за 200.000 евра на луксузна забава во Белград

Светската поп-ѕвезда Џенифер Лопез повторно доаѓа во српската престолнина. Латино дивата доаѓа на приватна забава на српски бизнисмен, кого тоа задоволство ќе го чини повеќе од 200.000 евра, пишуваат српските медиуми.

Лопез ќе слета со приватен авион на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ на крајот на мај, каде на пистата ќе ја чека луксузно возило, кое ќе ја однесе на локацијата каде ќе биде организирана забавата.

Бизнисменот, кој ја ангажира Лопез, веќе организирал забави каде присуствувале ѕвезди од светскиот џет-сет, а сега успеал да ја договори планетарно познатата дива.

„Планирано е Џенифер да биде два часа на забавата. Сѐ е веќе договорено преку нејзините агенти. Во цената е пресметан нејзиниот пат, престој и дружбата со славеникот и неговите гости. Познато е дека на аердромот ќе слета околу 18 часот. Од аердромот до локацијата на забавата ќе се вози еден час, а таму ќе се задржи околу час или два, по што се враќа назада во Америка. Нејзиниот тим не побарал никакви дополнителни услови, со исклучок на молбата медиумите да не присуствуваат на настанот, ниту да биде вознемирувана од гостите“, објаснува изворот за српски „Курир“.

„Со неа нема да биде нејзиниот сопруг Бен Афлек, тоа е сигурно. Сите останати детали околу нејзиното гостување ќе бидат познати пред самото доаѓање. Во договорот е наведено и тоа дека доколку пејачката биде спречена поради некои причини има право да го откаже доаѓањето и парите во тој случај ќе бидат вратени“, дополнува изворот.

Џенифер Лопез доаѓа во Србија по вторпат. Таа имаше концерт во 2012 во Белградска арена. Тогаш во изјавите за медиумите изјавила дека е воодушевена од српската престолнина и дека би сакала повторно да се врати таму.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...