Енрике Иглесијас, сопругот на Ана Курникова, ги шокираше сите со видеото на кое се бакнува со обожавателка на средба во Лас Вегас.
Пејачот, кој е во брак со поранешната тенисерка Ана Курникова повеќе од 20 години, е снимен како бакнува во образ обожавателка, пред таа да ја сврти главата за да го бакне во уста.
Енрике изгледал изненадено од моментот, но ја фатил обожавателката за половината и ѝ дозволил да направи селфи пред повторно да ја фати за половината за да ја оттурне и да побегне додека неговото обезбедување набљудувало.
Иглесијас го објави видеото на својот профил на Инстаграм, со што предизвика чудење и загриженост кај неговите следбеници.
„Ќе се вознемири ли жена ти?“, „Како Ана дозволила ова да се случи?“, „О, боже, оженет е…“, „Кој е ова?“, „Жал ми е за неговото семејство што ќе го види ова“, се дел од коментарите.
За потсетување, Ана и Енрике се заедно од 2002 година, а се запознале за време на снимањето на спотот за неговата песна „Escape“. Парот има три деца и ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста.