PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Јенс Столтенберг: Финска утре ќе стане 31-ва членка на НАТО

Apr 3, 2023

Утре Финска ќе стане 31-та полноправна членка на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), а нејзиното знаме ќе биде подигнато пред седиштето на алијансата во Брисел, изјави генералниот секретар на меѓународната воена организација, Јенс Столтенберг.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Говорејќи пред новинарите пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, Столтенберг рече дека НАТО се радува на „историска недела“ и изјави дека Финска од утре ќе биде „полноправна членка на Алијансата“

Столтенберг нагласи дека членството во НАТО ќе ја направи споменатата земја побезбедна, а Алијансата посилна.

Тој исто така изрази желба Шведска што поскоро да го заврши процесот за членство.

Веднаш по самитот во Мадрид одржан во јуни 2022 година, повеќето земји на НАТО го започнаа процесот на одобрување на членството на двете земји.

Процесот на ратификација во 30 земји-членки на НАТО заврши на 30 март со одобрение од Големото национално собрание на Турција за пристапување на Финска, која аплицираше за членство во НАТО во мај 2022 година.

Како што најави Столтенберг, министрите за надворешни работи на НАТО утре ќе се сретнат и со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на следниот состанок на Комисијата НАТО-Украина.

Министрите за надворешни работи на НАТО, исто така, ќе започнат со подготовките за лидерскиот самит во јули во Вилнус, Литванија.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ