САД синоќа соопштија дека веќе го информирале високиот претставник за заедничка надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, за нивниот одговор по текстот на нацрт-договорот претсавен на 8 август во Виена.
Портпаролот на Борел, кој инаку ги координираше разговорите за враќање на Иран и САД кон договорот, потврди дека доцна синоќа го добиле ставот на Техеран по документот.
„Го проучуваме и се консултираме со другите учесници во разговорите и со САД“, рече портпаролот.
Евентуално постигнување договор по оспоруваната нуклеарна програма на Иран би водело кон укинување на американските санкции на иранската нафта, можност што уште во најава придонесува за пад на цените на нафтата на светските берзи.