Се очекува министрите за надворешни работи на ЕУ да разговараат за новите санкции против Русија денеска во Брисел. Меѓу мерките што се разгледуваат е и забраната за купување злато од Русија, што е потег што САД веќе го презедоа.
Се очекува дека Европската унија би можела да ги прошири санкциите на повеќе лица поврзани со Русија.
Висок претставник на ЕУ за агенцијата Франс прес изјави дека ЕУ најверојатно ќе разговара за нови санкции на состанокот, но нема да донесе одлука веднаш.
„Предлагаме да ги заостриме нашите строги санкции на ЕУ против Кремљ, да ги спроведеме поефикасно и да ги продолжиме до јануари 2023 година. Москва мора да продолжи да плаќа висока цена за својата агресија“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека „руската брутална војна против Украина не стивнува“.
Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, додаде: „Санкциите на ЕУ се остри и силно ја погодуваат (Русија). Ние продолжуваме да ги таргетираме оние блиски до Путин и Кремљ… Исто така, ќе ги претставам и пред Советот предлози за котација на повеќе поединци и организации, со замрзнување на нивните средства и ограничување на можноста за патување“.