Попладнево се евакуирани шест училишта во Скопје поради дојава за бомба.
Од МВР информираат дека заканата била упатена на електронските адреси на училиштата.
Полициските службеници се на терен за безбедно евакуирање.
„Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Дојави за бомби имаше и минатата недела. По детаљните проверки, полицијата утврди дека се работело за лажни закани.