Европската агенција ги предупредува авиокомпаниите на опасности поради војната во Украина


Полкот „Азов“, чии членови се меѓу преостанатите бранители на фабриката за челик „Азовстал“ во разурнатиот Мариупол, објави ново воздушно видео од руски напад.

„Нападот на ‘Азовстал’ продолжува. Бранителите ја држат челичарницата под тежок оган. Непријателот користи авиони, артилерија и пешадија“, објавија припадниците на полкот на „Телеграм“.

Претходно, се огласи и заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, кој тврдеше дека Русите го прекршиле примирјето. Тој рече и дека не била дозволена евакуација на цивили.

„Трет ден откако непријателот влезе во фабриката ‘Азовстал’, каде што продолжуваат тешките, крвави борби. Русите повторно ги прекршија ветувањата за прекин на огнот и не дозволија евакуација на цивили кои и натаму се кријат од гранатирањето во подрумите на фабриката. Нашиот непријател не ги почитува етичките норми, конвенции и закони“, рече Паламар.

Тој исто така го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се згрижат ранетите војници кои, како што кажа, умираат во агонија бидејќи немаат соодветна медицинска нега и ја повика меѓународната заедница да продолжи да помага во евакуацијата на цивилите.

ТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Огромен пожар во фабрика во Осиек: Да не се излегува, може да има канцерогени материи

Околу 40 минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанија во населбата Бријест во Осиек. Пластична маса и амбалажа гори, извести полицијата. Децата од...

Вјоса Османи за Си-ен-ен: Ако не се соочи со мерки, Србија би можела да го повтори насилството врз остатокот од регионот

Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, кој во вторникот беше сослушан во белградското обвинителство, но косовската...

(Видео) Автобусот кај Венеција паднал од височина од 30 метри

Дваесет и едно лице загина, меѓу кои две деца, а 15 се повредени, од кои пет потешко, кога автобус со туристи падна од надвозник...

Трагедија во Нови Сад, човек паднал од кран и починал на лице место

Непознат маж паднал од кран на голема височина во Нови Сад и починал на лице место. Брзата помош веднаш интервенирала. „На лице место е констатирана смрт“,...

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за...