Европската комисија одобри данска вакцина против мајмунски сипаници

Данската биотехнолошка компанија „Баваријан Нордик“ (БН) соопшти дека добила зелено светло од Европската комисија (ЕК) за продажба на нејзината вакцина Имванекс во борбата со мајмунските сипаници, согласно препораките на Европската агенција за лекови (ЕМА) од минатата недела.

Ова доаѓа по еден ден од сериозното предупредување на Светската здравствена организација (СЗО) која го прогласи брзото ширење на мајмунските сипаници како вонредна глобална здравствена ситуација.

Вакцината на БН е против големи сипаници и ЕМА во петокот го одобри за примена и превенција од мајмунски сипаници, откако тоа го сторија и САД и Канада.

Данската компанија веќе снабди неколку членки на Европската унија (ЕУ) со Имванекс, иако сè уште беше неодобрено. Освен за ЕУ, одобрението за употреба на вакцината на БН против мајмунски сипаници важи и за Лихтенштајн, за Исланд и за Норвешка.

Како резултат на вакцината, акциите на БН пораснаа за 122 отсто во последните три месеци.

Се смета дека вакцината против големи сипаници дава солидна заштита од мајмунски сипаници, но нејасно е колку долго трае заштитата по вакцинирањето. Имванекс содржи жив модифициран облик на вирусот наречен вакцинија Анкара, кој е поврзан со вирусот на големи сипаници.

Мајмунските сипаници се карактеризираат со рани на кожата кои може да се појават на гениталиите или на устата. Болеста е проследена со треска болки во грлото, болки во лимфните јазли, итн. Обично минува сама од себе, но може да биде проследена со силни болки.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...