Европскиот парламент против Европската Суперлига


Европскиот парламент денеска даде целосна поддршка на УЕФА, усвојувајќи резолуција за спречување на проектот на Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, Европската Суперлига.

Суперлигата предизвика фудбалски земјотрес во април, кога 12 богати европски клубови, во кои покрај Реал, Јуве и Барса беа и Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси и Ливерпул,  Милан, Интер, Атлетико Мадрид и Барселона, објавија дека формираат елитна лига без испаѓање и со богати награди за учесниците.

По само 48 часа и огромниот притисок, најмногу од англиските навивачи, 9 од клубовите се повлекоа, но Јувентус, Барселона и Реал Мадрид постојано тврдат дека проектот уште е жив.

Европскиот парламент на денешната седница усвои резолуција за спортската политика во ЕУ и побара „активности за заштита на европскиот спорт од заканите за паралелни натпреварувања како Европската Суперлига“. Резолуцијата помина со мнозинство од 27-те членки на ЕУ, по што УЕФА се пофали на веб-сајтот дека ова значи целосна поддршка на асоцијацијата.

ТОП ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...