Фајненшл тајмс: Путин се откажува од „денацификација“, на Украина ќе и дозволи пристап во Европската унија?


Фото: МНР на Белорусија

Русија и Украина утре во Турција ќе ги продолжат разговорите, а новинарот на Фајненшл тајмс наведува некои од точките за кои страните треба да разговараат, пренесува МИА.

Според Фајненшл тајмс, Русија повеќе нема да инсистира на „денацификација“ на Украина и ќе даде зелено светло за нејзино пристапување во Европската унија – под услов да се откаже од членството во НАТО.

Новиот нацрт-договор не ја содржи често спомнуваната „денацификација“ и „демилитаризација“, ниту „заштита на рускиот јазик“, велат анонимни извори на ФТ.

– Турција е меѓу земјите кои би можеле да му понудат безбедносни гаранции на Киев како дел од каков било договор со Русија за ставање крај на војната во Украина. Турција е меѓу оние земји кои би можеле да станат гаранти на нашата безбедност во иднина-изјави денеска високиот украински функционер Игор Жовква.

ТОП ВЕСТИ

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата...

Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за...

Ѓоковиќ водеше „жестока војна“ со Давидович Фокина, но обезбеди осминафинале во Париз

Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди осминафинале на Ролан Гарос и тоа откако ја оправда фаворитската улога во дуелот со Алехандро Давидович Фокина. Голема битка се...

Три лица загинаа во сообраќајка кај Кадрифаково, меѓу нив и 15-годишно девојче

Три женски лица го загубија животот, а уште четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Штип - Миладиновци...

Путин поттикнува немири на Балканот како нов фронт во неговата војна против Западот

ДРАГАН МИШЕВ Путин подготвува нов фронт во неговата војна против Западот. За таа цел се чини дека нема подобра опција од тоа да поттикнува...