Ферстапен со маестрална победа над Ферари на спектаклот во Мајами


Макс Ферстапен уште еднаш покажа дека е подготвен за борба за одбраната на титулата, победувајќи ги двајцата возачи на Ферари за победа на првата Ф1 трка во Мајами во американскиот спектакл.

На Ферстапен во саботата му избега пол-позицијата по грешката во својот последен круг, така што стартуваше како трет зад двајцаата асови на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс Јуниор. Во фантастичен старт, тој успеа да го помине Саинс уште на стартот, за по осум круга тркање да го исполни стравувањето на Леклер дека ќе биде тешко да се заддржи Холанѓанецот зад него, поминувајќи го својот стар ривал.

По ова, Ферстапен имаше релативно мирен остаток на трка, останувајќи на првото место и по влегувањето во боксот, пред во 41. круг, судирот на Пјер Гасли (Алфа Таури) и Лендо Норис (Мекларен) да предизвика излегување на безбедносното возило и интересен финиш, во кој Леклер беше веднаш зад Ферстапен. Иако во неколку кругови беше блиску, односно во ДРС зоната, Леклер не успеа да направи претекнувачки обид, за Холанѓанецот да ја зголеми предноста во последните кругови за славна победа.

Зад нив, Карлос Саинс во второто Ферари успеа да го одбрани третото место од Серхио Перез по неколку обиди за претекнувае, додека Џорџ Расел во Мерцедес повторно покажа дека е подготвен за борба, победувајќи го колегата Луис Хамилтон за петтото место.

Во поени беа и Валтери Ботас во Алфа Ромео на седмото место, пред двојката на Алпине, Фернандо Алонсо и Естебан Окон и Алекс Албон во Вилијамс.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...