PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

„Фолксваген“ и „Континентал“ ќе инвестираат милијарда долари во капацитети во Мексико

Oct 28, 2022

[ad_1]


PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ и добавувачот на делови „Континентал“ најавија инвестиции од речиси милијарда долари во производство на бензински автомобили, електроника и делови за сопирачки во Мексико.

Компанијата ќе инвестира 763,5 милиони долари до 2025 година за да изгради нова фабрика за бојадисување во рамки на својот производствен комплекс во државата Пуебла и да го подготви за производство на нови модели автомобили на бензин.

Фабриката за бои со електрична енергија ќе се снабдува од турбини на ветар и ќе биде прва во групата што ќе работи исклучиво на чиста енергија, се посочува вчера објавеното соопштение на „Фолксваген“.

Германскиот производител на автомобилски делови „Континентал“, исто така, вчера најави инвестиција во Мексико. Од компанијата планираат да инвестираат околу 210 милиони долари во нова фабрика за автомобилска електроника, како и проширување на капацитетот во фабрика за делови за сопирачки во државата Гуанахуато.

Двата проекта се речиси завршени, а отворањето се очекува на почетокот на следната година, велат од „Континентал“ и додаваат дека очекуваат во следните три години да бидат отворени над 1.500 нови работни места.

Американскиот „Џенерал Моторс“ минатата година објави дека ќе инвестира милијарда долари во комплексот Рамос Аризпе, каде од 2023 година ќе произведува електрични возила.

Јапонскиот „Нисан“ во мај објави дека ќе инвестира 700 милиони долари во производство во Мексико во следните три години.

На групацијата и се придружува европскиот „Стелантис“ од каде се најавени инвестиции од повеќе милијарди, а извори тврдат дека слични планови има и извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ