PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Фон дер Лајен: ЕУ подготвува итен план за опстанок без руски гас

Jul 2, 2022

Европската комисија најави создавање итен план со цел да им помогне на земјите-членки на ЕУ да се справат без руски енергетски извори, пренесува Скај Њуз.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен синоќа изјави дека станува збор за иницијатива која го продолжува планот на ЕУ за ослободување од зависноста од рускиот јаглен, гас и нафта и „оди рака под рака со забрзување на развојот на обновливите извори на енергија“.

„Подготвуваме итни планови за Европа. Цените на енергијата се високи и луѓето сосема со право очекуваат да преземеме нешто околу тоа“, рече Фон дер Лајен во чешкиот град Литомисл, каде што го означи почетокот на шестмесечното претседателство на Чешка со ЕУ.

Таа рече дека планот, кој треба да биде завршен до средината на јули, ќе се фокусира на две клучни точки: „каде и како да се заштеди енергија на паметен начин за да се намали потребата за руски гас и нафта и да се поддржат земјите кои најмногу зависат од руски енергетски компании“.

„Потребен ни е заеднички план кој ќе обезбеди енергијата или гасот да одат таму каде што е најпотребно“, рече Урсула фон дер Лајен.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ