PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан до крајот на овој месец

Sep 15, 2021

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави утрово дека до крајот на овој месец ќе го посети регионот за да го поддржи процесот на приклучување кон ЕУ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Фон дер Лајен ова го најави за време на нејзиниот годишен говор за Состојбата на Европската Унија, што се одржува секој септември и во кој претседателката ги презентира успесите и предизвиците на Европската Унија.

– Пред крајот на овој месец ќе отпатувам во регионот за да испратам силен сигнал на заложба за процесот на пристапување, им го должиме ова на сите млади кои веруваат во европската иднина, рече шефицата на Европската Комисија.

Таа потсети дека Европската Унија го поддржува регионот и економски преку Економскиот и инвестициски план кој изнесува третина од целкупниот бруто домашен производ на регионот.

– Затоа што инвестиција во Западен Балкан е инвестиција во иднината на ЕУ, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен не ги спомена поединечно земјите од регионот како што го често го правеше тоа во минатото, посебно фактот дека Северна Македонија и Албанија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите со ЕУ.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ