Руските вооружени сили денеска во 10 часот ќе прогласат прекин на огнот и ќе отворат хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Суми, соопшти Меѓуресорскиот координативен штаб за хуманитарен одговор во Украина.
„Имајќи ја предвид катастрофалната хуманитарна ситуација и нејзиното нагло влошување во градовите Киев, Харков, Сума и Мариупол, како и на лично барање на францускиот претседател Емануел Макрон до рускиот претседател Владимир Путин, руските вооружени сили од хумани причини отвораат „режим на тишина“ денеска од 10 часот по локално време, се наведува во соопштението.
Од штабот додадоа дека Русија ќе го контролира излегувањето на жителите од градовите со помош на дронови, пренесе Спутник. Во саботата и неделата пропаднаа два обиди за отворање хуманитарни коридори за евакуација на цивили од Мариупол.