Заврши средбата Вучиќ – Курти со посредство на ЕУ, уште не е објавено каков е епилогот

Се очекува на новинарите да им се обрати шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, откако, како што им е потврдено на новинарите, по речиси 12 часа завршија разговорите меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во вилата „Билјана“ кај Охрид. Веста за завршената средба ја објави и портпаролот на ЕУ.                                         

Портпаролот на ЕУ Петер Стано на својот Твитер профил потврди дека состаноците се завршени и дека високиот претставник за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел накратко ќе се обрати на печатот.

Трилатералната средба започна по 15 часот, имаше две паузи, а новинарите за целото време не добија никаква официјална информација поврзана со содржината на преговорите. Одвоени средби претходно имаа српскиот и косовскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...