На седум локации низ Македонија започна гласањето за петтите избори во две години за парламент на Бугарија.
За прв пат оваа година гласачко место има и во Тетово, каде електронски се запишани околу 40 гласачи, што не значи дека останатите не може денеска да дојдат и да го дадат својот глас.Интересни се податоците за Охрид, каде иако има гласачко место, електронски никој не се пријавил за да гласа. Во текот на денот ќе стане јасно дали некој ќе отиде во избирачкото место, по последните случувања и бришењето на бугарскиот клуб „Цар Борис III“.
Во Скопје се гласа во Амбасадата, а пред избирачките места има полициски службеници.