Франција ја враќа својата амбасада од Лавов во Киев


Фото: Пиксабеј

Франција денеска соопшти дека нејзината амбасада во Украина ќе се врати во главниот град Киев од западниот град Лавов, каде што беше преместена на почетокот на март по руската инвазија.

-Ова преместување ќе се случи многу наскоро и ќе и овозможи на Франција дополнително да ја продлабочи својата поддршка за Украина во сите области со цел да се спротивстави на војната што ја започна Русија на 24 февруари – се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го соопшти ова за време на телефонскиот разговор со неговиот украински колега Дмитро Кулеба.

Официјален Париз продолжува да ги советува своите граѓани да не се враќаат во Украина, вклучително и во Киев.

Франција ја поддржува Украина преку воена опрема, хуманитарна помош и помош во истрагата за злоупотребите, наводно, извршени од руските сили врз украинските цивили.

Француската влада додели 100 милиони евра хуманитарна помош за Украина и соседните земји, вклучувајќи ги Полска и Молдавија, кои примија многу украински бегалци.

ТОП ВЕСТИ

Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

Американскиот претседател Џо Бајден одобри федерална помош за поддршка на државата Мисисипи откако беше погодена од торнадо во кое загинаа 26 луѓе, соопшти денеска...

Австрискиот претседател Ван Дер Белен и претставници на 30 компании во вторник во Македонија

Во вторник го дочекуваме австрискиот претседател Александар Ван Дер Белен како дел од западнобалканската политичко економска турнеја. Во делегацијата со Ван Дер Белен ќе...

Средба Рама-Курти во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти, кој денеска е во посета на Тирана, по средбите со шефот на државата Бајрам Бегај и претседателката на парламентот Линдита...

Спасовски: Детектирана е криминална група во однос на лажните дојави за бомби, тие речиси и да престанаа по донесување на новите протоколи

Во интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашање во врска со придобивките од новите Протоколи за постапување...

НАТО- Руската нуклеарна реторика е опасна и неодговорна

НАТО во неделата ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија ќе...