[ad_1]
Вниманието и во Скопје и во Софија е целосно свртено кон францускиот предлог, од кој се очекува одговор дали има можност за тргање на бугарското ветото и отворање на вратите на ЕУ за Западен Балкан.
Францускиот предлог предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија. Ова се првичните информации коишто пристигнуваат во врска со францускиот предлог, којшто со нетрпение се очекува во Северна Македонија и во Бугарија.
Досега никој не го видел предлогот црно-бело, но Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Северна Македонија до Бугарија и другите земји-членки, стои во текстот на бугарскиот медиум.
-Тоа беше потврдено за време на последните дипломатски шатлови на комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и претставници на француското претседателство во Софија, додека „Има таков народ“ (ИТН) ја развива својата кампања за „национално предавство“. Нацртот на новата рамка треба да го добие Министерството за надворешни работи, предводено од министерката во оставка Теодора Генчовска, појаснува „Медиапул“.
Има политичка волја Бугарите во земјава да бидат внесени во нашиот Устав, но тој не може да се отвори и измени за една недела, туку за околу сто дена. Покрај овој технички аспект, постои и политички – треба да има гаранција дека уставните измени се последното барање од владата на Бугарија. Бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија.
Ова го кажа претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Жан Мишел во Охрид.
Францускиот предлог значи или бугаризација или нема ЕУ, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Само интервју на Канал 5.
Го оцени предлогот како лош и негативен. Мицкоски побара итна средба со целиот државен врв за заедно да постават траекторија по која Македонија треба да се движи.
-Тоа значи дека или ние ќе се асимилираме, бугаризираме или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ова е нокаут за македонската дипломатија. За мене уште поголем нокаут е лицемерната политика. Да се уценува Македонија- земја кандидат, а притоа да се излезе со позиција дека Украина заслужува кандидатски статус, рече Мицкоски.
Во Бугарија веќе има оценки за францускиот предлог кој е со цел Македонија и Бугарија да се договорат, а источниот сосед да го тргне ветото за старт на преговори.
-0Францускиот предлог за европски гаранции за исполнување на бугарските услови од Северна Македонија е успех за Бугарија. Отфрлањето на тоа е пропуштање можност за добар договор“, изјави за БНР копретседавачот на партијата „Демократска Бугарија“, Христо Иванов.
[ad_2]
Source link