[ad_1]
Повредени и мртви делфини се пронајдени на брегот на Црното Море. Иван Русев, научник од украинскиот природен парк Тузливски Лимани во областа Одеса во југоисточна Украина, тврди дека тоа се должи на употребата на моќни воени сонари, пренесува Си-ен-ен.
Русев вели дека најмалку шест делфини биле повредени или убиени на брегот на Црното Море во рамките на природниот парк.
„Стотици мртви делфини се пронајдени на брегот на Црното Море во близина на Одеса од почетокот на војната“, додаде Русев на „Фејсбук“.
Атанас Русев, шеф на бугарската кампања „Спасете ги делфините“, на „Фејсбук“ објави дека се пријавени неколку случаи на заглавување на делфини во делтата на реката Ропотамо, која се влева во Црното Море.
„Неколку делфини ја загубиле способноста за навигација, беа многу слаби. Некои имаа изгореници од бомби или мини. Замислете делфин со тешка изгореница… Според експертите кои ги прегледале, делфините не можеле да јадат најмалку 10 дена“, рече Русев, додавајќи дека тела на мртви делфини биле пронајдени во близина на бреговите на Бугарија, Турција, Романија и Украина.
Неколку предвоени научни студии потврдија дека воениот сонар е опасен за морските животни.