Францускиот предлог без Протокол пристигна пред пратениците, во тек е првиот состанок

Од пред неполн час во Домот на пратениците почна средбата на партиските репрезенти за францускиот предлог. Во име на владата предлогот го образложува вицепремиерот Бојан Маричиќ а претставник од СДСМ е координаторот на пратеничката група Јован Митревски. Од ВМРО ДПМНЕ на средбата дојдоа партискиот потпретседател Александар Николовски и пратеникот Антонио Милошоски. Од ДУИ Арбр Адеми, Павле Трајанов како претставник на партиите ДОМ и ЛДП а од Алијанса за Албанците, пратеникот Елми Азири.

Претставниците на ВМРО ДПМНЕ избегнаа да дадат изјави пред почетокот на средбата.

Павле Трајанов изјави дека она што барале да го видат и протоколот, наводно Маричиќ не го донесол на средбата.

„Без да го видиме Протоколот не можеме да донесеме заклучоци. Ние и вчера побаравме билатералните прашања да се отстранат од преговарачката рамка, ако тоа не успее нашата поддршка ќе биде дискутабилна, изјави лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески истакна дека „преговарачката рамка не може да се менува но ќе биде облигаторно за владата се што во форма на заклучок ќе се донесе на ниво на оваа работна група“, изјави Митревски.

Адеми од ДУИ пред средбата повтори дека рамката е добра основа за почеток на преговорите и дека македонскиот јазик бил чист без додавки и фусноти а идентитетските прашања гарантирани.

Со оглед на фактот што на оваа средба партиските претставници не можат да се запознаат со содржината на Протоколот, кој со себе во Клубот на пратеници не го понесол Маричиќ според првичните сознанија, тешко е веројатно дека денеска би се излегло со заклучоци од ова работно тело.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...