PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Францускиот предлог е крај за идентитетските премрежја – Ковачевски на летниот младински камп „Трајче Нешкоски“

Jul 10, 2022
Иднината на младите македонски генерации е во ЕУ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето обраќање на петнаесеттиот Летен камп „Трајче Нешкоски“ во организација на Социјалдемократската младина..
Претседателот Ковачевски пред младите истакна дека последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ гарантира чиста формулација на македонскиот јазик, што значи затворање на сите идентитетски прашања. Тоа значи  излез од чекалната во која државата е цели 17 години и сигурна иднина. 
„Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, тоа значи крај на сите идентитетски премрежја на македонскиот народ кои со векови наназад ги преживувал. Во ЕУ ќе бидеме Македонци кои говорат македонски јазик. Вие ќе бидете Македонци, Македонки, во ЕУ ќе биде официјален македонскиот јазик. Со ова се затвора еднаш за секогаш темата со идентитетот. Никој повеќе не може да ве оспорува, да ве негира, да ве омаловажува. Горди, свои на своето, во ЕУ. Така, на Вас, на младите што доаѓаат ќе им оставиме чист терен, извесна и сигурна иднина во која ќе се разговара за економија, за здравство, образование, за се она што е нормално и за што треба да се разговара во 21 век.
Немаме генерации за губење. Треба да бидеме мудри и одлуките што ги носиме да бидат во интерес на младите и идните генерации зашто иднината е на младите, посочи меѓу другото Ковачевски на 15-иот летен камп „Трајче Нешкоски“.
PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ