Руската компанија „Газпром“ и денеска не испорачува гас кон Европска Унија преку гасоводот Северен поток 1, а не најавува ниту кога ќе продолжи со испораката. Причина за прекинот на дистрибуцијата ја правдаат со проблеми со турбината, а од компанијата објавија и фотографија на својот канал на Телеграм за која тврдат дека го покажува истекувањето масло на компресорската станица.
Ваквата одлука на „Газпром“ доаѓа неколку часа по одлуката на седумте најразвиени индустриски земји да воведат ограничување на цените на руските енергенси. За портпаролот на Европска комисија, Ерик Мамер, одлуката на Гаспром е донесена „под лажни изговори“ и е доказ дека Русија не е сигурен снабдувач.
Северен тек е главниот гасовод преку кој Гаспром го доставува својот гас во северозападна Европа. Може и историски испорача нешто околу 165 милиони кубни метри дневно во Германија. Неодамна испорача 33, а сега не прави ништо. Во последните часови пред повторно да стартува со испорака, тие повторно најдоа нешто. И мислам дека пазарот во голема мера ќе го толкува ова како измислица, вели Том Марзек-Мансер, шеф за анализа на гасови во ICIS.
Меѓувреме Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите членки на Г7 денеска на виртуелен самит едногласно одлучија да воведат ограничувања на цената на руската нафта. Целта е како што заклучија да се намали профитот на Путин од ефектите од војната во Украина.
Тоа ќе го спречи Путин да профитира од многу високите цени на нафтата. И подеднакво важно, тоа ќе значи дека ќе можеме колективно, а можеме да донесеме и други земји, тоа е она што штотуку го договоривме меѓу министрите за финансии на Г7, да ги заштитиме нашите граѓани од шокови на цената на нафтата следната година, смера британскиот Министер за финансии, Надим Захави.
Министрите за финансии на Г7 ги повикаа сите земји производители на нафта да го зголемат производството на нафта со цел да се намали нестабилноста на енергетските пазари. Од Белата куќа пак соопштија дека се решени да се спроведе глобално ограничување на цената на руската нафта, а ваквиот напор е обид да се намали влијанието на војната на Путин врз цените на енергијата и инфлацијата.
Влијанието на нашите напори за спроведување на ограничувањето на цените веќе вроди со плод. Извештаите покажуваат дека Русија веќе нуди големи попусти до 30% и долгорочни договори за некои земји. Ова, исто така, покажува дека Русија планира да продолжи да ја продава својата нафта и дека е подготвена да проголта поголеми попусти, вели Карин Џен Пери секретар за медиуми во Белата Куќа.
Портпаролот на Кремљ пак Дмитри Песков планот за ограничување на цената на руската нафта со потсмев го оцени како апсурдна идеја и потенцијално дестабилизирачка за глобалните пазари.
Земјите кои ќе се приклучат на потенцијалното ограничување на цената нема да бидат меѓу примателите на руската нафта“, рече тој. „Ние нема да се занимаваме со нив под такви непазарни услови, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Поранешниот претседател на Русија и заменик-шеф на Советот за национална безбедност Дмитриј Медведев изрази незадоволство од ваквата одлука. Истакна дека таквиот потег може да создаде дополнителен проблем, особено ако Европската унија одлучи официјално да го спроведе ваквиот план.
Мегувреме претставниците на ЕК подготвија првични идеи за тоа како да се одговори на високите цени на електричната енергија преку интервенција на пазарот. Меѓу нив е и идејата за ограничување на цените на електричната енергија која не се добива од гас. Според неофицијалниот нацрт документ операторите на ветерни, соларни, на јаглен и нуклеарни централи ќе мора да и ги предадат на државата заработените пари над дадената ценовна граница. Овој принцип не би бил данок на вишокот профит, но со тоа би се генерирало поголем приход во државниот буџет.