Гејтс: Следната пандемија може да го уништи човештвото


Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои доведоа до голема дестабилизација на општеството.

Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе.

Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со ковид.

Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќата за време на следната пандемија.

-Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, на пример пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти – рече тој.

Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.

Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести.

Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.

ТОП ВЕСТИ

Во Драч запленети непријавени над 250 илјади евра

Албанската полиција во пристанишниот град Драч запленила 251.295 евра и поголема количина медикаменти, кои не биле пријавени според важечките албански закони. – Тоа во рамки...

Софи Тарнер и Џо Џонас нема да се разведат мирно, претстои грда борба

87 Се чини дека ситуацијата околу разводот на Џо Џонас и Софи Тарнер ќе се вжешти, а упатени извори тврдат дека ова е само...

Бочварски: Примената на Еврокодовите во градежништвото ќе ја зголеми конкурентноста на домашните компании во Европа 

Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на конференцијата посветена на Еврокодовите – нови стандарди за проектирање и градење на сите видови на градежни конструкции....

Груби: Над 2.000 вработувања во Кичево, Тетово, Струга, Гостивар, Битола… АПЛИЦИРАЈТЕ!

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница објави дека Саемот за...

ПОТВРДЕНО: Леонардо ди Каприо во врска со 23 години помлада манекенка

88 Познатиот актер официјално е во врска со 23 години помладата манекенка Виторија Черети, потврди извор близок на парот. Двојката е видена низ САД и...