Генерален штрајк во националната Пошта за повисоки плати

Генерален штрајк на вработените во националната Пошта со барање за линеарно покачување на нето платите во износ од 3 000 денари најавија за денеска Синдикатот на Македонска пошта и Синдикалната организација на АД Пошта на Македонија.

Штрајкот ќе почне во 8 часот и ќе се одвива на работните места во главната Пошта и низ подружниците низ државата, најави на прес-конференција Боро Велигданов, претседател на Синдикатот на Македонска пошта.

Според синдикалните организации, работата на А.Д. Пошта на Македонија, ќе биде целосно во прекин освен за неопходните активности кои давателите на поштенски услуги мора да ги обезбедат непречено, согласно член 49 од Законот за поштенски услуги и Колективниот договор на ниво на работодавач, и тоа се до прифаќање на барањата.

Согласно Законот за поштенски услуги, вработените имаат обврска да го почитуваат член 49 и да обезбедат прием, сортирање и дистрибуција на поштенски пратки кои се однесуваат на препорачани судски пратки, препорачани пратки од безбедноста и одбраната и одредени други препорачани пратки кои се наведени во законската регулатива.

Одлуката за стапување во генерален штрајк беше донесена на 31-ви минатиот месец, по, како што информираа, неуспешниот дијалог со Управниот одбор на Поштата и Владата и нереализирањето на барањето за повисоки плати.

ТОП ВЕСТИ

Нов метод за снимање на системот за варење со далечинско управување > Опсервер

Минијатурната капсула „Навикам“ („NaviCam“) може да направи револуција во дијагнозата на проблеми со дигестивниот тракт. <!-- N_Inpost 300x250_2 Ендоскопите со капсули...

Чоколадно смути со овошје

Состојки: (за 2 лица) – 1 зрела банана (замрзната) – 5 јагоди (замрзнати) – 2 дл млеко или бадемово млеко – 1 лажичка ванилин шеќер – 2 лажици какао –...

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет...

Ким Кардашијан има ново момче: Мистериозниот маж го носела во ресторан во кој одела со бившиот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека се гледа со мистериозен маж, а за да го скрие неговиот идентитет, му го дала прекарот „Фред“. Најпознатата старлета...

(Видео) Невреме во Белград: од силните громови испукале стаклата на автомобилите

Силно невреме го зафати синоќа Белград и направи хаос. Според снимките кои беа објавени на социјалните мрежи, грмотевиците биле многу силни и имало во...