Германија би дала војници во мисијата ЕУФОР


Босна и Херцеговина

Германија не учествува во мисијата ЕУФОР од 2012 година, но Аналена Бербок, министерката за надворешни работи на земјата, наводно, сака да распореди германска армија за поддршка на стабилноста на Босна и Херцеговина. Според Бербок, германските вооружени сили треба да учествуваат во мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина. Оваа информација ја објави „Берлин-цајтунг“, повикувајќи се на извори блиски до германската влада. Според информациите, германските сили треба да бидат распоредени во мисијата „ЕУФОР Алтеа“ пред изборите закажани за 2 октомври 2022 година.
Претставниците на Партијата на зелените веќе размениле мислења со коалициските партнери во Бундестагот за ова прашање. Сè уште не е познат точниот број на германски војници што ќе бидат испратени во БиХ, но се зборува за „висок двоцифрен или низок трицифрен број“.
Операцијата „ЕУФОР Алтеа“ започна во 2004 година, кога ја наследи воената мисија на НАТО, СФОР, за да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор од 1995 година. Силите на ЕУФОР неодамна беа зголемени за 500 луѓе од Австрија, Бугарија, Романија и Словачка и моментално има околу 1.100 члена. Ги командува Австрија од 2009 година, а во неа има војници и од Унгарија и од Турција, се наведува на официјалната веб-страница на мисијата.
На најавата за евентуалното доаѓање германски војници во Босна и Херцеговина реагираа некои од политичарите во земјата, но вистинска бура предизвика Габриел Ескобар, специјалниот претставник на американската влада за Западен Балкан. Според него, „за граѓанскиот концепт за Босна и Херцеговина може да се разговара дури откако таа ќе стане членка на Европската Унија, а дотогаш рамката е Дејтонскиот договор“.
Особено беше коментирана изјавата на Ескобар дека БиХ во моментов не е функционална држава, бидејќи тамошните институции „веќе долго не се ефикасни“, што „не е последица на Дејтонскиот договор, туку немање добра волја“ на политичкиот врв во земјата.
Тој договор 25 години беше успешен во одржувањето на мирот во земјата и тој не е причина за проблемите. Проблем се неодговорните лидери, корупцијата, политичарите што инсистираат да останат на власт по секоја цена – кажа претставникот на Вашингтон.
Ескобар смета дека тој договор е добар компромис, кој ги препознава интересите на трите конститутивни народи и е добар патоказ за европската интеграција, но „не е така користен“.

ТОП ВЕСТИ

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје

Новиот систем на подводни беспилотни летала, како што објави државната агенција КЦНА, е наменет за тајни напади во водите на непријателот со цел да...

Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја запроси

Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја запроси пејачката. Човекот, чиј идентитет не се...

Земјотрес во Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи утринава во Бања Лука. Земјотресот е регистириран околу 7:30 часот, покажува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар...

СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски е класичен антиевропски политичар

Христијан Мицкоски е класичен антиевропски политичар, заложник на Димитар Апасиев и Левица, со кого се наптреваруваат во блокади и кочење на државата велат од...

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...