Германската министерка Бербок: Во моменти на менување на Уставот, да не биде на прво место партиската книшка

Mar 23, 2023

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, посочи дека знае колку се важни моментите кога се прават промени на Уставот. Посочи дека улогата на опозицијата е важна, потенцирајќи дека не треба да биде на прво место партиската книшка или резултатите на изборите. Бербок при посетата на Македонија кажа и дека со страст се залага за Македонија и членството во ЕУ. Кажа дека нема многу време за средби, но ќе дојде повторно во декември.

„Во вакви моменти кога се прави промена на Уставот, а процесот многу различен разлика помеѓу демократиите и автокартиите или дикатурите – каде се менува само со потпис на еден човек. Но во демократијата мора многу напорно и за секој глас да се борите. И секој глас значи за да има 2/3 мнозинство. Мора да се седи на иста маса со опозицијата“, посочи Бербок.

Таа додаде: „Во моменти на менување на Уставот, да не биде на прво место партиската книшка или изборите, туку прашањето зошто всушност се прави“.

„Мене генерално ми е важно за време на моите посети, тоа не се однесува само за Северна Македонија туку и други земји, не само да има размена на мислења помеѓу министрите за надворешни работи и не само да се посети Владата туку да се добие претстава за луѓето. Надворешни посети не значат само да се сретнат министрите туку и луѓето. Штета што денеска имам малку време, но во декември ќе дојдам повторно. Мене ми е многу важно да зборувам со сите најразлични демократски актери“, посочи таа.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ