Германскиот пратеник за Балканот: Србија не може да влезе во ЕУ со проруски став


Србија не може да седи на две столчиња, изјави специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, говорејќи за наклонетоста на српските власти кон Русија.

Пред да пристигне во Белград, Мануел Саразин изјави дека општеството во Србија е поблиску до Германија и ЕУ во економска и политичка смисла отколку до Русија, пренесува „Ал џезира“.

„Нашата финансиска поддршка и инвестиции се поголеми. Заинтересирани сме и за економскиот и социјалниот развој на оваа земја. Разбирливо е дека средствата што ги даваме и нашиот ангажман во земјите кандидати се поголеми отколку во земјите, кои, на пример, се дел од источното партнерство“, изјави Саразин за белградскиот весник „Данас“.

Специјалниот пратеник на Германија истакна дека е сосема јасно оти по руската инвазија на Украина, проруската позиција е неспојлива со статусот на кандидат за ЕУ.

„Не можете да седите на две столчиња што се оддалечени со километри. Освен тоа, мислам дека Србија многу добро знае дека е во нејзин интерес што побргу да се ослободи од сите зависности од бескрупулозниот режим.

Се разбира, има реперкусии врз одлуките на економските субјекти дали земјата неповратно ја следи европската насока или не. Станува збор за процена на придобивките и ризиците. Од почетокот на руската инвазија на Украина бизнисмените се прашуваат дали Србија како инвестициска дестинација се приклучила кон европските ставови и дали тоа ќе го прави во иднина. Затоа е клучно Србија сега да заземе свој став“, порача Саразин.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ТОП ВЕСТИ

(Видео) Сондата со примерок од опасниот астероид стигна на Земјата

Сондата со примерок од астероидот Бену слета на Земјата во неделата. Научниците на НАСА се надеваат дека материјалот може подобро да објасни како настанал...

Во Дебар отворен фестивалот “Албански театар во Македонија”

Со претставата „Лет над албанскиот театар” во режија на Ерсон Зимберај, а во изведба на албанскиот театар од Куманово, синоќа  во Центарот за култура...

Два автомобили и камион се судрија на булевар Србија

Утрово на булевар Србија во правец од Драчево до Аеродром, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два патнички автомобили и еден камион. Патнички автомобил...

Ковачевски: Во однос на безбедносната состојба во државата, граѓаните може да се спокојни

Настаните кои се случија денес силно ги осудувам, и изразувам целосна поддршка на КФОР за сите идни активности кои се во насока на гарантирање...

Почина Шефот на Коза ностра, Матео Денаро, кој беше фатен во јануари по 30 години бегство

Шефот на италијанската мафија Матео Месина Денаро, кој беше фатен во јануари по три децении бегство, почина на 61 година. Денаро се лекувал од...