PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Германските 200 милијарди евра помош за германските компании го вознемирија остатокот на ЕУ

Oct 4, 2022

[ad_1]

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

„Германија им го покажа средниот прст на останатите земји членки“ – изјави утрово еден евродипломат пред почетокот на Советот на министрите за европски прашања кои се одржува во Луксембург. Нервозата во ЕУ ја предизвика одлуката на германската влада да издвои 200 милијарди евра за помош на потрошувачите и бизнисот од деструктивните ефекти на енергетската криза. Револтот е дотолку поголем што Германија се смета за најмногу виновна за етаблирањето на Газпром во 90-те години на европскиот пазар како доминантен, што денес, во услови на санкции кон Русија, е една од најголемите главоболки за целиот континент. Дополнително, Германија е, исто така, членката која се спротивставува на ограничување на цената на гасот на европскиот пазар, што исто така е барање на речиси сите останати земји членки.

Земјите членки кои го критикуваат Берлин велат дека ваквите одлуки на германската влада само ќе ги зголемат и онака растечките поделби меѓу богатите и сиромашните земји членки на ЕУ. Критиката е дека големата финансиска моќ на Германија ѝ овозможува да ја спаси својата економија, додека посиромашните нации едвај изнаоѓаат начини за опстанок.

Ваквите постапки на Германија ќе отворат големи поделби на единствениот пазар, бидејќи германските компании добиваат предност финансирана од државата во однос на конкурентските компании во другите земји членки. Поддржани од владата германските компании ценовно ќе се наметнат како доминантни на европскиот пазар, велат критичарите на Берлин.

Оваа тема за која е најавена жестока расправа на денешниот министерски совет се очекува да биде во фокусот и на претстојниот неформален самит на земјите членки закажан за петок во Прага.

Орбан „си легна на брашното“

Унгарија потклекна на притисокот од Брисел и покрај бројните анти-ЕУ кампањи на авторитарниот унгарски лидер Виктор Орбан. Унгарскиот парламент во понеделникот го усвои првиот од серијата нацрт-закони за борба против корупцијата со цел Будимпешта да го избегне губењето на средствата на Европската унија кога нејзината економија оди кон рецесија, а форинтата падна на рекордно ниско ниво.

Владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан усвои амандман на кривичниот законик за воспоставување постапка за кривични дела поврзани со управувањето со јавен имот, овозможувајќи судска контрола во случај истрагата да биде затворена без обвинение или да биде отфрлена пријава за криминал што е чест случај во Унгарија во која обвинителството работи под строга контрола на власта. Овој пакет закони кој беше усвоен вчера во унгарскиот парламент е  само една од 17 мерки кои унгарската влада ги усогласи со Брисел, а со цел да се спречи понатамошното загрозување на демократските принципи на ЕУ. Унгарија сериозно ги загрози независните институции за контрола на политичката власт во таа земја. Орбан со години остро се спротивставуваше на било какви критики и барања од страна на Брисел, но сега, во услови на растечка криза на унгарската економија, тој сепак не може да го избегне инсистирањето на Брисел, кој се закани дека нема да ги даде планираните 7,5 милијарди евра наменети за Унгарија.

По многу натегања, унгарската влада прифати пакетот од 17 мерки за спречување на понатамошната ерозија на демократските принципи да биде усвоен до 19 ноември.

Европскиот комесар Јоханес Хан по отстапувањето на Унгарија од нејзините тврди позиции, триумфално изјави:

„Едноставно е… Парите си го прават своето.“

Шведска и Финска, жртви на бесот на Орбан

Мнозинството од владејачката партија во унгарскиот парламент го отфрли предлогот на  социјалистичката опозициска партија со кој требаше денеска, 4 октомври, да биде краен рок за ратификација на договорите  за членството на Финска и Шведска во НАТО.

Освен Унгарија, Турција е единствената членка на НАТО која сè уште не го ратификувала пристапувањето на двете земји во воената алијанса.

Владата ги поднесе барањата за членство на Финска и Шведска во НАТО до парламентот во јули, но парламентарниот спикер Ласло Ковер, инаку еден од најлојалните на премиерот Орбан, постојано одложува да ја стави оваа точка на дневен ред.

Во ЕУ од 2024 ќе се користи универзален полнач за сите електронски уреди

Од септември 2024 години на потрошувачите во ЕУ нема да им биде потребно да ги менуваат полначите за нивните мобилни електронски направи секој пат кога ќе купат нов производ. Европскиот парламент денеска гласа уредба со која ќе се наложи употреба на универзален полнач.

Мобилните телефони, таблетите, е-читачите, слушалките, дигиталните камери, тастатурите, слушалките, преносливите конзоли за видео игри и преносните звучници што може да се полнат преку жичен кабел ќе треба да бидат опремени со USB-C порта, без оглед на тоа кој ги произведува.

Ова ќе доведе до поголема повторна употреба на полначите и ќе донесе заштеда од 250 милиони евра. Се проценува дека фрлените и неискористените полначи претставуваат околу 11.000 тони електронски отпад годишно.

Известувачот на ЕП Алекс Агиус Салиба, социјалистички пратеник од Малта, вели дека оваа одлука ќе го „поедностави животот на европските граѓани“ и потсетува дека пред 12 или 13 години имало 33 типа полначи, само за смарт телефоните.

Борјан Јовановски / Нова ТВ

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ