Германскот канцелар вети дека ќе го поддржи влезот на Финска и Шведска во НАТО


Русија со проектили го погоди воениот аеродром во близина на украинскиот југозападен град Одеса, уништувајќи беспилотни летала, проектили и муниција испорачани на Украина од САД и европските сојузници, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Високопрецизни ракети ‘Оникс’ ги погодија логистичките центри на воениот аеродром во регионот на Одеса преку кои се доставува оружје од странство“, соопшти Министерството за одбрана.

„Уништени се хангарите во кои се наоѓаа беспилотните летала ‘Бајрактар ​​ТБ2’, проектили и муниција од САД и европските земји“, се вели во соопштението.

Руските ракети и артилерија исто така погодија различни воени цели низ Украина, вклучително командни центри, арсенали и противвоздушни ракетни системи С-300, се додава.

Гувернерот на Одеса, Максим Марченко, изјави дека ракетниот напад на пристаништето на Црното Море се случил синоќа, а во нападот има мртви и ранети.

ТОП ВЕСТИ

ДУИ ќе одбележува 21 години во „Александар Палас“, Шекеринска една од говорниците

емократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ја одбележува 21-годишнината од формирањето. Раководството на партијата, предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе...

Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на две собраниски комисии и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен...

Тројца кинески астронаути се вратија на земјата

Кинеските астронаути од вселенското летало Шенжу-15 безбедно се вратија на Земјата во недела, 4 јуни, по мисијата на кинеската орбитирачка вселенска станица која траеше...

Претседателот на Естонија Алар Карис во Албанија од 7 до 9 јуни

Претседателот на Естонија, Алар Карис, од 7 до 9 јуни ќе престојува во Албанија на покана на претседателот на таа земја Бајрам Бегај, пишува...

(Фото) Џенифер Гарнер, бившата жена на Бен Афлек ги однесе децата на Џеј Ло во Дизниленд

Однесувањето на Џенифер Лопез и Бен Афлек  на јавни настани поттикна гласини дека има проблеми во нивната врска. Можеби неочекувано многу за нивната врска...