Гир со честитка до Ахмети и граѓаните за почетокот на преговорите за интеграција во ЕУ

По одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел, претседателот на Демократската унија за интеграција г-дин Али Ахмети оствари денес средба со амбасадорот на Европската унија во земјата, г-дин Дејвид Гир, со кого поразговараа за големото значење на почетокот на процесот на преговори на нашата земја и стабилноста на регионот, како и за важноста на следните предизвици што ја очекуваат земјата по влегувањето во активната фаза на интегративниот процес.

Амбасадорот Гир му честиташе на претседателот на ДУИ за ова историско достигнување за земјата по 17 години чекање како земја кандидат и ја ценеше конструктивната улога на Демократската унија за интеграција за деблокирањето на европскиот пат на земјата.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети му се заблагодари на амбасадорот Гир за континуираната поддршка што Делегацијата на ЕУ во Скопје ја даваше на процесите за деблокирање на евроинтегративниот пат на земјата.

Г-дин Ахмети истакна дека ДУИ останува силно ангажирана во градењето на европската иднина на земјата врз основа на принципите на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Бугарија, процеси со кои земјата изгради мир, ги етаблираше принципите на еднаквост, се интегрираше во НАТО и ги реши споровите со соседите.

Ахмети го информираше амбасадорот Гир за напорите за уставни измени во земјата и ја истакна потребата од поддршка на проевропските сили од сите страни на политичкиот и општествениот спектар.

Ахмети и Гир го истакнаа големото значење што земјата треба да го придаде на успешното надминување на следните предизвици од кои ќе зависи финализирањето на интеграциската аспирација, како што се уставните измени и спроведувањето на реформскиот процес во согласност со принципите на Европската Унија.

Двајцата соговорници разговараа и за Коридорот 8, како проект од посебно геостратешко значење за земјата и регионот.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...