[ad_1]
Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.
– Во 2 часот оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Брјанск доби информација за пожар на адреса: Брјанск, во округот Фокински. На местото на повикот се испратени противпожарни и спасувачки екипи согласно зголемениот ранг (број) на пожарот. По пристигнувањето било констатирано дека има пожар на територијата на складиштето за нафта – се вели во објавата на веб-страницата на Министерството.
Во објавата се додава дека ќе следат дополнителни информации.
Засега нема индикации дека пожарот е поврзан со војната во Украина. Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа.
Брјанск е град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница. Од Москва е оддалечен 380 километри.