Шумски пожар изби денеска кај одморалиште на југозападот на Турција и набрзо зафати и еден од хотелите во близина. Засега нема информации за повредени лица.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Пожарот почна во туристичката зона Ичмелер, во близина на пристаништниот град Мармарис, во провинцијата Мугла. Сите од хотелот и од околните згради се евакуирани, соопшти градоначалникот Мехмет Октај.

Прилините за пожарот засега се непознати. Официјални лица соопштија дека во гаснењето учествуваат најмалку седум противпожарни хеликоптери и пет авиони.

Минатото лето, ширум Средоземната и Егејската област во Турција, вклучувајќи го и Мармарис, високите температури и силните ветрови предизвикаа големи шумски пожари. Загинаа најмалку осум лица и голем број на животни. Тие пожари беа прогласени и за најголеми во историјата на Турција.

Властите наидоа на критики за лоши подготовки за борба против големи шумски пожари, вклучувајќи и недостаток на модерни противпожарни авиони.