PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Граѓаните не можат да извадат документи со денови наназад-матичарите денеска на улица: Ќе се договори ли средба со Министерството за правда?

May 5, 2022

Иако за Независниот Синдикат на управата за водење на матични книги, излегувањето на улица, не беше опција, по една недела откако почнаа со генерален штрајк, денеска во периодот од 15 до 17 часот организира протестен марш во центарот на Скопје.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Рутата по која ќе се движат вработените во Управата за водење матични книги, како што најавија од Синдикатот е од поранешната Градска болница, кон Собранието и потоа пред Министерството за правда, каде што ќе ги соопштат барањата, односно причините за генералниот штрајк.

-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во Управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата, на 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците. Во 16.00 часот пред Министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција се наведува во нивното соопштение.

Во меѓувреме, голем дел од граѓаните на кои им се потребни документи од Управата за водење матични книги, не можат да завршат работа. Секој штрајк е на штета на граѓаните, велат соговорниците на Фактор.

-Проблемот кај нас е тоа што секој кој што ги бара своите права, ги загрозува правата на своите сограѓани. Што направија со учениците? Ништо. Најголемата штета ја претрпеа тие. Синдикатот не постигна ништо за да ги задоволи вработените во основните и во средните училишта. Истото се случува и со штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги. Луѓето не може да извадат никаков документ, дали станува збор за умреница, венчаница, извод од книга на родени. Штетата ја трпи обичниот човек, поголемите немаат слух, вели Сашо Велковски од Скопје.

Истовремено, мајка на близначиња кои треба во септември да почнат да одат во училиште, со денови не може да извади извод од книга на родените, документ кој треба да го приложи при упис во основното училиште.

-За упис на децата во училиште потребен ми е извод од матична книга, но до него не знам како ќе стигнам. Ги посетив канцелариите на Управата за матични книги, каде ми отворија профил за да можам електронски да поднесам барање за вадење извод на родени од децата. Но, и покрај тоа што цел ден се обидував да влезам во системот, не успеав. Дури пристапив и кон промена на лозинката, за што добив нова нотификација на мејл адресата, но повторно беа неуспешни обидите. Не знам дали ова се должи на штрајкот или пак на проблеми со профилите, сепак, за мене е проблематично бидејќи излегувам од работа за да побарам извод. Искрено се надевам дека во училиштето ќе имаат разбирање, и овој документ ќе го доставам подоцна, вели Огнена П. од Скопје.

Инаку, Управата за водење на матични книги на 27 април влезе во генерален штрајк барајќи покачување на платите за 30% и уредување на работниот статус. Конкретно, Независниот синдикат бара колективен договор на ниво на работодавач, линерано покачување на платите и унапредување на работните позиции.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ