Грчката полиција уапси маж кој носел пушка пред парламентот


Грчката полиција денеска уапси 37-годишен маж кој носел ловечка пушка пред зградата на парламентот, по кратката пресметка со припадниците на полициската тактичка единица.

Полицаец од полициската управа во Атина за агенцијата АП изјавил дека денешниот инцидент траел нешто повеќе од еден час и дека нема повредени.

Полицаецот, кој побарал да остане анонимен најавувајќи официјалното соопштение, рекол дека биле ангажирани и полициски преговарачи и дека сообраќајот околу зградата на Собранието бил пренасочен непосредно пред да биде уапсен мажот.

Осомничениот, кој бил донесен на сослушување, не бил именуван во согласност со грчките закони и бил идентификуван само како 37-годишен Грк.

Грчката државна телевизија објави дека мажот седел на душек пред стражарското место во Собранието, пред да пристигнат службениците на тактичката единица.

Според американската агенција, ова е втор безбедносен инцидент кај грчкото Собрание во последните седум месеци.

Текстот Грчката полиција уапси маж кој носел пушка пред парламентот е превземен од МАКФАКС.

ТОП ВЕСТИ

Руските пропагандисти со лажно видео ги „закопуваат“ паднатите украински војници во биоразградливи мешунки

Руските пропагандисти измислија ТВ сторија наводно направена од каналот 1+1. Масовните медиуми во Кремљ, сметките на Фејсбук на кинески јазик, каналите на Z-Telegram, проруските сметки на Тик-Ток и некои сајтови...

Руските дезинформации за уништен „Леопард“ со германски екипаж во македонските медиуми виа Б-92

Во очај да покаже какви – такви резултати на бојното поле, соочено со постојани загуби на територии, жива сила и воена опрема, како...

Ковачевски: Се намалува маржата на овошјето и зеленчукот, а гарантирана цена добиваат и пијалоците

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Владата одлучила да ја прошири листата на производи со „загарантирана цена“. „Списокот на производи со гарантирана цена ќе се проширува....

Меѓународен ден на Бошњаците/ Доко: Да работиме заедно за попрогресивна земја

Скопје, 26 септември – 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците денеска во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците беше одбележан преку организирана...

Пендаровски на Шерец му заблагодари за словенечката поддршка за пристапувањето на нашата земја кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за одбрана на Република Словенија, Марјан Шарец, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беше потврдена...