Грчко МНР: Неприфатливи се изјавите на портпаролката на руското МНР

Неприфатливи ги карактеризираше портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану, изјавите на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, која говореше за „антируска информативна кампања во Грција“, став кој на социјалните мрежи го сподели руската амбасада во Грција.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција во одговор на новинарско прашање во врска со изјавата на портпаролката на руското МНР рече дека грчката надворешна политика се базира на целосното почитување на меѓународното право, а „главната грижа на Грција е прикажување на вистината, врз основа на потврдени и неспорни податоци“.

Додаде дека е за осуда секој обид, од каде и да доаѓа „за ширење лажни вести и дезинформации, чија цел е да се дезориентира јавното мислење“.

-Неодамнешните изјави на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како и постовите на руската амбасада во Атина, за жал се неприфатливи и не се во согласност со дипломатската практика, како и со историските врски што ги обединуваат народите на Грција и Русија. Грција би сакала да се задржат историските односи, а однесувањето на Русија да се движи во оваа насока, вели Папајоану во писмената изјава.

Според она што од руската амбасада во Грција го објавија на социјалните мрежи, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова рекла дека „во Грција се шири досега невидена кампања за оцрнување на политиката на Русија“и додала дека функционери во Атина ја обвинуваат Русија и „лицемерно зборуваат за „неиспровоциран напад“ против Украина, првпат по Втората светска војна, „масовна инвазија“ итн“.

ТОП ВЕСТИ

Винската визија на Отворен Балкан на најголемиот светски саем за вино во Верона заедно со Ковачевски, Вучиќ и Рама

– Саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе биде претставен на најголемиот светски саем за вино Винитали во Верона од 2 до...

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички Аниса и Мелиса

МВР велат дека по документирање на случајот, двете малолетнички ќе ги предадат на нивните родители Двете исчезнати девојчиња, 12-годишната Аниса и 15-годишната Мелиса, попладнево се...

Серија моќни торнада ги погодија САД: Тројца загинати. Срушен покрив на театар (ВИДЕО)

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени по вчерашното торнадо во главниот град на Арканзас, Литл Рок и околината. Уште едно лице загина...

Бугарите утре по петти пат во последните две години излегуваат на гласање

Бугарите во недела излегуваат на гласање по петти пат во последните две години, длабоко поделени околу руската инвазија на Украина, земја која е традиционално...

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

Кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени, Владата треба да соопшти овие денови.Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека тоа најверојатно...