Таа пред денешната посета на Белград за весникот Политика истакна дека Грција ги поддржува договорите на двете страни кои водат кон нормализација на односите.
Претседателката на Грција објасни и дека Атина останува верна на својата политика на Западниот Балкан и следи прагматичен и конструктивен пристап во однос на Косово, чија цел е јакнење на стабилноста и безбедноста.
Истакна дека таквиот пристап има за цел сеопфатно придвижување кон ЕУ интеграција на целиот регион, што го оцени како стратегиска цел.
„Ставот на Грција останува непроменет. Нашата конструктивна политика кон Косово е во согласност со таа позиција, го промовира развојот и ја јакне стабилност и безбедноста на Западниот Балкан“, кажа таа.
Претседателката на Грција го поздрави напредокот кој е постигнат на двата состаноци на Белград и Приштина во Брисел и Охрид со договорот и анексот за имплементација.
„Грција е спремна да ги поддржи и Белград и Приштина на патот кон нормализација на нивните односи и да придонесе на меѓународните напори за унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на народите во регионот“, кажа Сакеларопулу.