Грција не се согласува со предлогот на ЕК за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто

Грција начелно не се согласува со предлогот на Европската Комисија за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, објаснувајќи дека тие ќе продолжат да ги поддржуваат нивните веќе доставени предлози, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грчката Влада начелно не се согласува со предлогот на Комисијата за намалување за 15 отсто на употребата на природниот гас. Поднесовме низа предлози и во однос на цените, односно економската димензија на природниот гас и во однос на снабдувањето. И ќе инсистираме на овие предлози, рече Иконому. Додаде дека ќе останат на нивниот став дека „насоката на овие предлози може да донесе многу суштински и клучни решенија„ за справување со енергетската криза во Европа.

ТОП ВЕСТИ

Samsung SmartThings ги поврзува луѓето со најважните работи < Опсервер

Скопје, С. Македонија – 31 август 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd денеска ги прикажа своите најнови иновации за поврзан дом. За...

Apple ќе го претстави новиот iPhone на 12 септември < Опсервер

На 12 септември Apple ќе претстави нови производи, вклучувајќи ја новата телефонска линија iPhone 15 и паметните часовници од следната генерација. <!-- <!-- <!-- ...

Специјална соработка за паметниот проектор „The Freestyle“ < Опсервер

Samsung Electronics во соработка со светски познатата корејска група BTS најавија премиера на краток филм во кој SUGA (член на групата), како амбасадор...