PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Грковска – ИРИ: Зајакнување на доброто владеење е заедничка заложба

Apr 12, 2022

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска се сретна со делегација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), предводена од Олин Ветингтон, член на Управниот одбор, со кого разговараше за повеќе актуелни теми, како и за поддршката на Институтот во спроведувањето на реформите за развој на демократијата во општеството.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, беше изразено задоволство од досегашната соработка и беше разговарано за споделување искуства на најдобрите европски и американски практики особено во сферата на политиките за поголема ефикасност и транспарентност на државните институции, креирање на антикорупциските политики и дигиталната трансформација, при што беше изразена благодарност за поддршката на ИРИ во изготвувањето на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

– Соговорниците разменија мислења и за системските мерки и решенија во делот на законската рамка за конфискација и потекло на имот, проверка на интегритет, контрола на имотот и други прашања кои се во интерес на динамизирање и зајакнување на антикорупциските политики и пракси, наведува прес-службата на Владата.

Вицепремиерката Грковска и претставниците на ИРИ договориле продолжување и унапредување на соработката согласувајќи се дека програми и проектите на Меѓународниот републикански институт помагаат во зајакнување на доброто владеење во земјата, промовирање на транспарентноста и јавната одговорност.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ