Грковска: Обезбедуваме ефикасен, транспарентен систем, каков што заслужуваат граѓаните

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, го презентираше процесот за градење на механизмите за контрола на ефикасноста на институциите, за нивната транспарентност и за зајакнувањето на нивните капацитети со цел да донесат одржливи и долгорочни решенија во интерес на граѓаните, информираат владините служби.

Владата како аргумент ги прифатила укажувањата и наодите во извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и уште на првите седници донела одлука, разгледувањето на трошењето и реализацијата на капиталните инвестиции да биде редовна точка на дневен ред на седниците за навремено следење на реализацијата на капиталните инвестиции.

„Координацијата меѓу сите институции, како што се ДЗР, Државната комисија за борба против корупција, Инспекцискиот совет и сите други институции се делови кои практично треба да ги координира мојот кабинет за да можеме да воспоставиме механизми на внатрешна контрола, за да воспоставиме еден ефикасен, транспарентен систем на функционирање на институциите коишто го заслужуваат сите граѓани“, оцени Грковска.

ТОП ВЕСТИ

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Ковачевски, министерот Меџити и амбасадорката Агелер

Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер по посетата на реновираниот дел на Универзитетската...

(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Според извештаите на француското МВР, на вчерашните протести ширум земјата излегле над еден милион луѓе, а поради немирите низ целата земја биле уапсени 80...

(Видео) Огромен пожар во Истанбул: Огнена стихија зафати хотел, две лица загинаа

Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар што рано утринава избувна во седумкатен хотел во Истанбул. Причината за пожарот засега не е...

24 години од бомбардирањето на НАТО врз Југославија

На 24 март 1999 г. НАТО без одлука на Советот за Безбедност на ОН, започна терористички напад врз СР Југославија. Најмладата жртва на агресијата...

Елмас и Чурлинов ја скршија цврстата Малта на „Тодор Проески“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓https://www.youtube.com/watch?v=i4EBkAwsqrIНа Арената „Тодор Проески“, Македонија вечерва забележа победа против...