Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес, по повод одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание против фашизмот во спомен костурница во Куманово заедно со премиерот Ковачевски, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја предводеа владината делегација на државната церемонија за одбележување на 11 Октомври.
„На 81-годишнината од овој историски настан, кој се одбележува под мотото „секогаш на вистинската страна“, рефлетиравме за триумфот на праведните каузи на слободата, демократијата и еднаквоста и големата важност на продолжувањето на вистинскиот пат, без друга алтернатива и со сигурна перспектива на развој, патот на интеграцијата во Европската Унија“, истакна Груби.