PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 1180x200

Груби до Лефков: Премногу си гласен, но не и храбар!

Mar 28, 2023

На денешната седница на Собранието, првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за обвинувањата од страна на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ кои беа изнесени во јавноста во изминатиов период, од собраниската говорница му порача дека е многу гласен, но не и храбар, а за барањето за извинување за искажаните клевети дека кукавички не го прифаќа.

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 300x250

Исто така, првиот вицепремиер Груби му порача дека за тоа има поднесено тужба и ќе се видат на Суд за да ги соочат фактите.

„ Значи не мораше да сум во салата, за да го слушам вашиот колега, многу е гласен, ама не и храбар и ја заменува гласноста со храброста. Јас му упатив едно барање да се извини, на вашиот колега пратеник и на вашата партија. Вашата партија го прифати барањето, а тој некако кукавички не го прифаќа барањето, избегнува да го прифати. Поднесов веќе тужба, да се видиме на Суд за сето тоа што го зборува,  за сето што го клевети,и му недостига веќе храброста за да излезе надвор од говорницата на Собранието за да го клевети истото  и ја користи говорницата на Собранието затоа што знае веќе дека се соочува со правни последици за тоа што го зборува. Така да за сето тоа што е клеветено по последниов период ќе се соочиме и со ВМРО-ДПМНЕ како партија  и со дотичниот господин  кој е гласен, а не е храбар, ќе се видиме и ќе ги соочиме фактите вклучително и за ова што го зборува“, истракна Груби.

 

 

 

PROGRAM I PAGUAR POLITIKË 940x400

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ