Владата на Република Северна Македонија донесе одлука да финансира авиокомпании кои ќе воспостават линии со нови дестинации.
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на социјалната мрежа Фејсбук појасни дека финансиската помош е наменета за авиокомпаниите кои работат во земјава, со цел зголемување на бројот на патници во воздушниот сообраќај и зголемување на летовите од локалните аеродроми